Кон крајот на ноември, по неколкумесечни преговори, Отава и калифорнискиот гигант објавија „историски“ договор според кој Гугл ќе им плаќа на канадските медиумски компании 100 милиони долари годишно како компензација за изгубените приходи од реклами.
„Уделот што ќе го добијат телевизиските и радио станиците е ограничен на 30 отсто, оној на CBC/RadioCanada (канадската јавна радиодифузна група) на 7 отсто, оставајќи ги преостанатите 63 отсто за печатените медиуми“, објасни федерален функционер. Тој додаде дека најголемиот дел од средствата ќе бидат наменети за печатените медиуми, кои се „навистина зависни“ од онлајн платформите за дистрибуција на нивната содржина.