Свет Хезболах изјави дека нападнал израелска воена база

Израелската армија повторно погоди цели во јужен Либан

Од почетокот на војната во Газа по масакрот на Хамас во Израел на 7 октомври, постојано има конфронтации меѓу израелската армија и милитантните групи како Хезболах во израелско-либанскиот пограничен регион. Тоа е најсериозната ескалација од втората либанска војна во 2006 година.

Израелската армија повторно погоди цели во јужен Либан

Израелската војска денеска соопшти дека извршила обновени напади врз шиитската милиција Хезболах во јужен Либан, јави ДПА.

-Воздушните напади беа одговор на артилерискиот оган врз области во северен Израел, соопшти армијата.

Израелски борбени авиони потоа ги нападнаа набљудувачките пунктови на Хезболах во селата Марвахин и Аита ал Шааб. Команден центар во селото Јарун, каде што престојувале борците на Хезболах, бил бомбардиран, се вели во соопштението.

Погодена е и артилериска гаѓачка позиција од која претходно беше гаѓан Израел, соопшти израелската армија.

Либанските медиуми објавија дека израелски воени авиони истрелале проектили на области во предградието на Јарун и Аита ал Шааб. Нема повредени или загинати луѓе.

Во врска со гранатирањето на Израел, Хезболах изјави дека нападнал израелска воена база.

To top