Свет ДПА

Израелската армија го објави своето повлекување од Кан Јунис на полугодишнината од воените дејствија

Сè уште не е јасно дали повлекувањето од Кан Јунис претставува пресвртница во израелската стратегија во тековната војна во Газа или е уште една средна фаза на патот кон можна операција во египетскиот пограничен град Рафа.

Израелската армија го објави своето повлекување од Кан Јунис на полугодишнината од воените дејствија

На денот кога се одбележуваат шест месеци од почетокот на израелската војна со Хамас, израелската армија објави дека ги повлекува своите сили од градот Кан Јунис, најголемата населба во јужниот дел на Појасот Газа, јави ДПА.

„Девеесет и осмата дивизија на израелската армија ја заврши својата мисија во Кан Јунис. Единицата се повлекува од Појасот Газа за да ги поврати загубите и да се подготви за натамошни операции“, соопштија денеска израелските вооружени сили.

Значаен дел од израелската војска „продолжува да дејствува во Појасот Газа и ќе ја зачува слободата на дејствување на израелските вооружени сили и нивната способност да спроведуваат прецизни разузнавачки операции“, велат тие.

Сè уште не е јасно дали повлекувањето од Кан Јунис претставува пресвртница во израелската стратегија во тековната војна во Газа или е уште една средна фаза на патот кон можна операција во египетскиот пограничен град Рафа. (МИА)

To top