Мерката ќе стапи во сила на 19 јануари, објасни тој во пораката испратена до властите на ЕУ и министрите за внатрешни работи на земјите-членки.
Одлуката „е мотивирана од континуираниот ризик од терористичка инфилтрација меѓу лицата кои нелегално пристигнуваат во Италија и од фактот што најголемите текови на балканската рута транзитираат преку копнената граница со Словенија“, рече Пјантедоси.