Свет лансирани околу 300 ирански ракети

ИДФ: На Израел во одбраната од иранскиот напад му помогнаа САД, Велика Британија, Франција и Јордан

Израелските власти рано утринава соопштија дека САД, Велика Британија и Јордан, исто така, помогнале во пресретнувањето на беспилотните летала и проектили што Иран ги истрелал кон Израел во текот на ноќта.

ИДФ: На Израел во одбраната од иранскиот напад му помогнаа САД, Велика Британија, Франција и Јордан

САД, Велика Британија, Јордан и Франција му помогнаа на Израел да се одбрани од иранскиот напад, јавија израелските одбранбени сили (ИДФ).

Портпаролот на ИД, Даниел Хагари, говорејќи за француската помош, рече дека Франција има многу добра технологија, авиони, радари и дека тие придонеле во патролирањето на воздушниот простор, додавајќи дека нема точни детали дали француските авиони собориле некој од проектилите што беа лансирани од Иран, пренесе „Тајмс оф Израел“.

Израелските власти рано утринава соопштија дека САД, Велика Британија и Јордан, исто така, помогнале во пресретнувањето на беспилотните летала и проектили што Иран ги истрелал кон Израел во текот на ноќта.

Портпаролот на ИДФ, Даниел Хагари, изјави дека израелската противвоздушна одбрана пресретнала 99 отсто од околу 300 ирански ракети лансирани кон Израел.

Најнови вести од Свет

To top