Свет 370 тони помош

Хуманитарен конвој од ОАЕ првпат пристигна по копно на северот на Појасот Газа

„Првиот конвој со помош на Емиратите пристигна по копно во северниот дел на Појасот Газа, составен од 17 камиони“, се вели во соопштението

Хуманитарен конвој од ОАЕ првпат пристигна по копно на северот на Појасот Газа

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) денеска информираа дека нивни конвој со хуманитарна помош првпат пристигнал по копно во северниот дел на Појасот Газа, јави Анадолија.

„Првиот конвој со помош на Емиратите пристигна по копно во северниот дел на Појасот Газа, составен од 17 камиони“, се вели во соопштението на Здружената оперативна команда на Министерството за одбрана на ОАЕ.

Се верува дека конвојот е првиот што е испратен по копно од која било земја во северниот дел на Појасот Газа во услови на тешка блокада на енклавата од страна на Израел.

Конвојот превезувал повеќе од 370 тони помош, вклучувајќи храна и медицински материјали, додатоци во исхраната, облека, материјали за засолниште и други неопходни производи.

Досега, ОАЕ доставуваа хуманитарна помош од воздух во северните региони на Појасот Газа.

To top