Свет загинаа 3 лица

Хамас ја презеде одговорноста за нападот во Ерусалим

– Оваа операција е природен одговор на злосторствата без преседан на окупаторот во Појасот Газа и врз децата во Џенин, на Западниот Брег, окупиран од Израел, се наведува во соопштението на исламистичкото движење.

Хамас ја презеде одговорноста за нападот во Ерусалим

Палестинската милитантна група Хамас ја презеде одговорноста за нападот во Ерусалим при што загинаа три лица и повика на „ескалација на отпорот“.

– Оваа операција е природен одговор на злосторствата без преседан на окупаторот во Појасот Газа и врз децата во Џенин, на Западниот Брег, окупиран од Израел, се наведува во соопштението на исламистичкото движење.

Две вооружени лица утрово отворија оган врз автобуска постојка, при што убија три лица, а осум се повредени. Двајцата напаѓачи се елиминирани од израелските безбедносни сили.

To top