Свет климатска активистка

Грета Тунберг казнета поради протести во Стокхолм

Не сакав да го напуштам протестот поради климатската вонредна состојба, а во вонредна состојба сите имаме должност да дејствуваме. Сегашните закони ги штитат екстрактивните индустрии наместо да ги штитат луѓето и планетата, рече 21-годишната активистка во судницата.

Грета Тунберг казнета поради протести во Стокхолм

Шведската климатска активистка Грета Тунберг (21) е казнета поради протести во Стокхолм и судот и наредил да плати казна од 6.000 шведски круни (512 евра).

Тунберг е обвинета дека ги игнорирала полициските наредби да ги напушти двата протести пред шведскиот парламент во март, на кои се повикуваше на акција за климатски промени.

Активистката беше обвинета по две точки за граѓанска непослушност, а таа на суд ги отфрли обвиненијата.

– Не сакав да го напуштам протестот поради климатската вонредна состојба, а во вонредна состојба сите имаме должност да дејствуваме. Сегашните закони ги штитат екстрактивните индустрии наместо да ги штитат луѓето и планетата, рече 21-годишната активистка во судницата.

Во март, Тунберг учествуваше во серија повеќедневни протести кои вклучија неколку блокади на главниот влез на зградата на шведскиот парламент. На 12 и 14 март полицијата ја отстрани активистката од местото на настанот, откако таа одби да го напушти теренот.

Политичарите сепак можеа да влезат во зградата на парламентот преку споредните влезови. Шведските судови веќе двапати ја казнија Тунберг поради граѓанска непослушност за време на протести за климата.

Движењето „Петоци за иднината“ настана откако Тунберг, која тогаш имаше само 15 години, не одеше во училиште во петок во август 2018 година за да организира протест пред шведскиот парламент, држејќи натпис на кој пишуваше „Skolstrejk för klimatet“ („Штрајк на училиштата за климата“).

To top