Свет враќањето на заложниците дома е приоритет

Ганц: Хамас нема уште долго да има контрола во поголем дел од Појасот Газа

„До заложниците, ако можете да ме слушнете, сакам да знаете дека правиме се што можеме за да ве вратиме кај вашите најблиски“, додаде Ганц.

Ганц: Хамас нема уште долго да има контрола во поголем дел од Појасот Газа

Израелскиот министер и член на воениот кабинет, Бени Ганц вели дека Хамас нема уште долго да има контрола во поголем дел од Појасот Газа и дека враќањето на заложниците дома е приоритет пред која било друга воена цел.

„Постигнувањата на Израелските одбранбени сили (ИДФ) продолжуваат да се зголемуваат. Во голем дел од Појасот, Хамас практично нема уште долго да има контрола. Треба да продолжиме; Ако престанеме сега, Хамас ќе продолжи со својата контрола. Ние сме длабоко во средината на демонтирање на терористичката инфраструктура. Имаме решителност и трпение. Нашите непријатели треба да знаат дека нашата решителност е бескрајна“, рече Ганц на прес-конференција во Тел Авив.

Според него, „најважно е враќањето на заложниците, тоа има приоритет пред сите елементи на борбите“.

„До заложниците, ако можете да ме слушнете, сакам да знаете дека правиме се што можеме за да ве вратиме кај вашите најблиски“, додаде Ганц.

To top