Свет По обилните врнежи

ФОТО: Речиси 200.000 луѓе во северна Франција се загрозени од поплави

Во изминатите 20 дена наврна три пати повеќе дожд од вообичаеното. На некои места за шест дена падна дожд колку што обично паѓа во цел ноември.

По обилните врнежи 192.000 луѓе во близина на неколку реки се под закана од поплави, соопшти синоќа властите на регионот Па-де-Кале.

Поради ризикот од поплави, 74 училишта во северна Франција денеска и утре ќе останат затворени.

Од почетокот на поплавите во понеделникот, противпожарната бригада е повикана на 860 интервенции. На вкупно 5.200 луѓе им е исклучено снабдувањето со вода за пиење и им е дадена флаширана вода. Поплавени се околу 60 куќи.

La Voix du Nord

Националната метеоролошка служба Метео Франс соопшти дека постојаниот дожд, исто така, предизвикал излевање од коритата на малите реки во северна Франција.

Во изминатите 20 дена наврна три пати повеќе дожд од вообичаеното. На некои места за шест дена падна дожд колку што обично паѓа во цел ноември. Фотографиите од воздух направени од весникот La Voix du Nord покажуваат големи површини копно под вода.

To top