Свет

Европските избори во Австрија официјално закажани за 9 јуни

Сојузната влада денеска ќе го финализира соодветниот предлог на министерот за внатрешни работи Герхард Карнер. Министерот пред средбата на владата нагласи дека Австрија овој пат ќе има 20 наместо 19 европратенички мандати.

Европските избори во Австрија официјално закажани за 9 јуни

Одржувањето на европските избори во Австрија официјално е закажано за 9 јуни, пренесе австриската агенција АПА.

Сојузната влада денеска ќе го финализира соодветниот предлог на министерот за внатрешни работи Герхард Карнер. Министерот пред средбата на владата нагласи дека Австрија овој пат ќе има 20 наместо 19 европратенички мандати.

Право на глас имаат австриските граѓани, како и граѓаните на другите земји-членки на ЕУ кои имаат статус на постојани жители во земјата. Граѓаните мора да имаат 16 години или повеќе за да гласаат. Според Карнер, вкупниот број на гласачи со право на глас е речиси 6,4 милиони. Од нив, 61.000 се австриски државјани кои живеат во странство, а меѓу 40.000 и 45.000 луѓе се од други земји-членки на ЕУ. Меѓутоа, нивната конечна бројка ќе стане позната 75 дена пред денот на изборите, односно на 26 март.

На овој датум се определуваат различни крајни рокови, како на пример, регистрација во избирачкиот список или собирањето изјави за поддршка на партиите кои сакаат да се кандидираат, а не се во Европскиот парламент или Националниот совет. Од овој датум важи и ограничувањето за трошењата за кампањата.

По одлуката на сојузната влада, уредбата мора да биде усвоена од главниот комитет на Националниот совет. Подоцна, уредбата се објавува во Федералниот државен службен весник и блегува на сила.

И во Австрија има шпекулации дека европските избори може да се комбинираат со избори за националниот парламент. Според Карнер, сепак, изборите за Националниот совет се планирани за наесен.

To top