Свет

Европски лидери го поздравија „нескршливиот дух“ на Украина (ВИДЕО)

Европски министри за надворешни работи денеска му оддадоа почит на „нескршливиот дух“ на Украина, четири години откако Русија ја почна инвазијата која и понатаму предизвикува масовно уништување и смрт.

Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, на Х објави заедничка видеопорака со францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, полскиот министер Радослав Сикорски и нивниот украински колега Андриј Сибиха, за да ја искажат континуираната европска поддршка за Киев на годишнината од војната, која почна на 24 февруари 2022 година.

„Четири години храброст. Четири години жртва. Четири години нескршлив дух. Четири години одбрана на слободата“, порачаа министрите во пораката.

„За нас. За вас. За Украина. За Европа. Стоиме зад вас колку и да е потребно“, нагласуваат европските дипломати.

Извор МИА

To top