Свет

Европол: Заканата од тероризам во Европа е зголемена по нападот на Хамас

Европол: Заканата од тероризам во Европа е зголемена по нападот на Хамас

Ризикот од терористички напади во Европа е зголемен откако Хамас го започна нападот врз Израел на 7 октомври, соопшти полицискиот орган Европол за ДПА.

-Неодамнешните напади во Брисел и Париз беа мотивирани од тоа, изјави денеска во Хаг Катрин Де Боле, директорка на Европол.

Таа додаде дека терористичката закана се зголеми откако Хамас го нападна Израел и реакцијата на Израел на тоа во Појасот Газа.

Според неа, џихадистичките групи претставуваат најголема закана.

To top