Свет Автомобилот доаѓал од канадската страна

Две лица загинаа во експлозија на мостот што ги поврзува САД и Канада – Ситуацијта е многу сериозна, вели Трудо

Две лица загинаа денеска во експлозија на автомобил на мостот што ги поврзува САД и Канада, во близина на Нијагарините водопади, јавија американските медиуми.

Две лица загинаа во експлозија на мостот што ги поврзува САД и Канада – Ситуацијта е многу сериозна, вели Трудо

Станува збор за луѓе кои биле во возилото, а медиумите јавуваат дека се работи за двајца мажи.

Автомобилот доаѓал од канадската страна на границата и експлодирал по првиот контролен пункт на мостот „Реинбоу“, јави Си-Ен-Ен.

Канадскиот премиер Џастин Трудо нагласи дека денешната експлозија на возило на канадско-американскиот граничен премин во близина на Нијагарините водопади претставува „многу сериозна ситуација“.

„Ова е очигледно многу сериозна ситуација кај Нијагарините водопади. Имаше експлозија на возило на мостот Реинбоу“, изјави тој пред Долниот дом.

To top