Свет САД

Бела куќа: Трамп со нетрпение ги очекува американско-иранските разговори во Оман

Портпаролката на Белата куќа, Кедролајн Левит синоќа изјави дека претседателот Доналд Трамп со нетрпение ги очекува американско-иранските разговори во Оман за да утврди дали е можен договор со Исламската Република

Бела куќа: Трамп со нетрпение ги очекува американско-иранските разговори во Оман

Портпаролката на Белата куќа, Кедролајн Левит синоќа изјави дека претседателот Доналд Трамп со нетрпение ги очекува американско-иранските разговори во Оман за да утврди дали е можен договор со Исламската Република.

– Додека се водат овие разговори, би го потсетила иранскиот режим дека претседателот, како врховен командант на најмоќната војска во историјата на светот, има многу опции на располагање надвор од дипломатијата. Дипломатијата е секогаш првата опција за претседателот кога станува збор за справување со земјите ширум светот, без оглед дали се наши сојузници или наши противници, наведе Левит.

Таа додаде дека Трамп бил многу јасен во барањата кон Иран – „нулта нуклеарна способност“.

Во главниот град на Оман, Мускат ирански и американски ќе разговараат за нуклеарната програма на Техеран, но агендата на преговорите е непозната. Иран се обидува да ги ограничи преговорите на нуклеарната програма и саннкциите, додека САД сакаат да разговараат и за ракетната програма на Техеран и неговата поддршка за Хамас во Појасот Газа, за Хезболах во Либан и за Хутите во Јемен.

Првенствено беше предвидено средбата да се одржи во Турција, но беше преместена во Оман на барање на Иран. Техеран исто така побара средбата да се одвива на билатерално ниво, а не како што беше планирано да учествуваат претставници на земјите од регионот

Во преговроте ќе учествуваат шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи, специјалниот пратеник на Белата куќа, Стив Витков и зетот на Трамп Џаред Кушнер.

To top