На митинг синоќа во Северна Каролина претседателот на САД, Џо Бајден предложи намалување на здравствените трошоци во САД и зголемување на данокот за богатите Американци од 8,2 до 25 отсто, аргументирајќи дека тоа е можност за значајно пополнување на федералниот буџет во наредните десет години.
-Замислете што би можеле да направиме со тоа, изјави тој.
„Би можеле фундаментално да го намалиме федералниот дефицит… Би можеле да направиме толку многу последователни работи како и тоа конечно да се осигураме да ја згрижиме Украина од тој касап Путин“, рече претседателот на САД.
Бајден и претходно не штедеше зборови за рускиот претседател и изјави дека тој смета дека Путин е убиец и „луд кучкин син“ кој се заканува со нуклеарни бомби.
На митингот синоќа Бајден настапи заедно со потпретседателката Камала Харис. (МИА)