Вести

Средба на делегацијата на БЈБ со Претседателот на ИНТЕРПОЛ, Ахмед Насер Ал-Раиси, изразена силна поддршка за македонската полиција

На Генералното Собрание на ИНТЕРПОЛ, кое се одржува оваа недела во Глазгов, Обединетото Кралство, нашата делегација оствари средба со Претседателот на ИНТЕРПОЛ, Ахмед Насер Ал-Раиси, на која беше потврден огромниот придонес кој нашата држава го дава за јакнење на меѓународната полициска соработка преку учество во активностите и иницијативите на ИНТЕРПОЛ. Од негова страна е понудена отворена поддршка во име на Организацијата за јакнење на капацитетите на македонската полиција.

Беа одржани и низа билатерални средби со делегациите од Австралија, Молдавија, Србија, Бразил и САД, на кои беа дискутирани актуелни прашања од заеднички интерес, во насока на брза и ефективна размена на информации и воспоставување на заеднички истраги во борбата против организираните криминални групи, финансискиот криминал, корупцијата и сајбер безбедноста.

Македонската полиција со сигурност се доближува кон достигнување на високите стандарди на полициско работење.

To top