Скопје Ќе се реши ли конечно проблемот?

Тројца скопјани вчера искасани од кучиња скитници

Три лица, во посебни случаи, вчера во Скопје биле искасани од кучиња скитници.

Тројца скопјани вчера искасани од кучиња скитници

На 01.02.2024 во 15.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.К.(54) од Скопје пријавил дека на ул.„Лука Геров“ бил каснат од куче скитник.

На 01.02.2024 во 23.15 часот во Полициската станица Центар, Р.М.(39) од Скопје пријавил дека на кеј„13 Ноември“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 01.02.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Чаир, Г.С.(58) од Скопје пријавил дека на ул.„Радишанска“ бил каснат од куче скитник.

Скопјани постојано се жалат дека немаат мир од кучињата скитници кои слободно се шетаат низ главниот град и сеат страв и дење и ноќе. Глутници кучиња скитници, има насекаде и во секое време во македонската метропола, па од тука следи и прашањето „Ќе се реши ли конечно овој проблем?“.

To top