Денес, заедно со претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски и пратеникот, Бојан Стојаноски, посетивме семејства во нашата општина Ѓорче Петров и им поделивме новогодишни пакетчиња, овјави Александар Стојкоски, градоначалник на Општина Ѓорче Петров.
„Оваа традиција, која ја негуваме веќе неколку години, ни носи посебна радост, бидејќи насмевките и искрените реакции на најмладите се нашата најголема мотивација.
Тие ни даваат сила да продолжиме да работиме за Република Македонија – за да биде подобро место за живеење, каде секое дете ќе ја гледа својата иднина“, потенцира во објавата Стојкоски.
-Искрено им благодарам на семејствата за топлиот прием и убавите моменти што ги споделивме. Се гледаме повторно догодина!, додаде во објавата Стојкоски.