Скопје

Стојкоски: Изработка на урбанистичко-архитектонска студија и развојна стратегија за населеното место Кучково

Стојкоски: Изработка на урбанистичко-архитектонска студија и развојна стратегија за населеното место Кучково

На мое огромно задоволство студентите од втор циклус на студии при Факултетот за Архитектура и Дизајн при Универзитет Американ Колеџ Скопје, во рамки на предметот Студио Урбанизам, под менторство на педагошкиот тим во состав: м-р. Иван Мирковски, м-р. Павел Вељаноски и м-р. Максим Наумовски ќе изработуваат урбанистичко-архитектонска студија и развојна стратегија за населеното место Кучково, објави преку социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на општина Гази Баба Александар Стојкоски.

-Во просториите на општината беше презентиран научно-истражувачкиот пристап кон ваквата проблематика во форма на субјективни и емпириски истражувањa преку анализа на архитектонски и урбанистички елементи на посочениот контекст. Во првичните согледувања, обработени се битните аспекти на контекстот како што се: анализа на осончаност, сенки и ветрови, вид и степен на застапеност на зеленило, траси на рекреација, локална самоодржливост преку реупотреба, хронологија и тенденции на изградената содржина, демографски карактеристики на локалните заедници, формите на однесување во просторот предизвикани од сакралната архитектура, постоечка и планирана патна инфраструктура и едукација.

Истражувањата беа презентирани пред претставници од секторот за урбанизам на Општина Ѓорче Петров, а на истата презентација присуствував и јас. Во периодот кој следи академскиот пристап ќе биде надополнет со низа консултации помеѓу студентите и вработените во општината, со цел сублимираните впечатоци од документациските истражувања да прераснат во идни сценарија и форми на развој за северо-западниот дел на Општина Ѓорче Петров.

Ова е еден нов вид на соработка помеѓу нас како институција и студентите од Факултетот за Архитектура и Дизајн при Универзитет Американ Колеџ Скопје, што се надевам дека во иднина ќе вроди со заеднички плод во насока на подобрување на инфраструктурата, како и нови идеи во однос на оплеменување на локалитетот Кучково.

Со срце за Ѓорче!, пишува во својата објава Стојкоски.

Теми на денот

To top