Во објавата, градоначалникот Стефковски напиша:
По 50 години вршиме целосна реконструкција на клонот Искра во ЈУДГ 25 Мај во Ченто.
Направив посета на клонот Искра при детската градинка 25 Мај во Ченто каде што извршивме увид во градежните работи за реконструкција на занималните.
Реконструкцијата на заминалните дел од овој клон на детската градинка се врши за прв пат по цели 50 години од постоењето на градинката.
Во рамки на градежните работи се изведуваат градежно – занаетчиски работи, молерисување, лакирање и менување на паркетот.
Со оваа инвестиција овој клон добива и нов мебел кој е потребен за престој на дечињата во детската градинка.
Општина Гази Баба работи интензивно со цел да овозможи услови за престој на децата според најсовремените стандарди во сите детски градинки во општината. – напиша Стефковски.