Скопје

Стефковски на Божиќ во посета на дом за стари лица

Стефковски на Божиќ во посета на дом за стари лица

Градоначалникот на општината Гази Баба, Бобан Стефковски преку статус на Фејсбук денеска пишува дека на Божиќ бил во посета на дом за стари лица.

„‼️Имаме обврска да ја негуваме раката што не одгледала!

😇Божиќните празници се одлична можност сите ние уште еднаш на дело да ја покажеме нашата хуманост и солидарност со сите оние на кои тоа им е потребно.

✌️Водејќи се од тоа, Божиќното утро го поминавме со корисниците згрижени во Домот за стари лица “Руски” во Ченто.

👇Оваа активност ја реализираме заедно со претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска и претседателката на УЖ Гази Баба Дијана Илиевска.

👍Поминавме пријатни празнични моменти со повозрасните на кои им ги честитавме новогодишните и божиќните празници со желби за добро здравје. Им подаривме собни обувки и здрава храна.

👏Им честитам на менаџментот и вработените во домот за стари лица “Руски” бидејќи тие докажуваат дека со добро поставен систем и со посветеност и грижа, може да влијаеме врз подобрување на животот на лицата на кои тоа им е најпотребно“, пишува Стефковски.

To top