Скопје Гази Баба

Стефковски: Градиме нов паркинг во Автокоманда

„Продолжува реализацијата на проекти со цел решавање на проблемот со недостатокот на паркинг места во Автокоманда“ – напиша градоначалникот на Фејсбук.

Стефковски: Градиме нов паркинг во Автокоманда

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски обелодени дека се гради нов паркинг во Автокоманда.

„Во тек се градежните активности за изградба на нов паркинг простор со павер елементи на улицата Бапчор во населбата Автокоманда.

За кратко од денес ќе започнеме со изградба на нов паркинг простор на улица Габреш.

Продолжува реализацијата на проекти со цел решавање на проблемот со недостатокот на паркинг места во Автокоманда“ – напиша градоначалникот на Фејсбук.

To top