Скопје

Стефковски: Асфалтирана улица Модест Мусоргски во Трингла

Стефковски: Асфалтирана улица Модест Мусоргски во Трингла

Денес се изврши асфалтирање на улица Модест Мусоргски во Тринагла. На асфалтирањето увид направи градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со пратениците Жаклина Пешевска и Зоран Коцевски.

За настанот, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук во која напиша:

Асфалтирана улица Модест Мусоргски во Триангла!
Направивме увид на градежните работи за асфалтирање на улицата Модест Мусоргски во Триангла.
Реализацијата на проектот чини околу 4.000.000 денари, средства обезбедени од буџетот на општина Гази Баба.
Со реализација на проектот се изградија пешачки патеки од двете страни на улицата и се изврши гребење и асфалтирање на целиот коловоз во должина од 410 метри.
Во периодот пред нас, ЈКП Гази Баба ќе изврши хортикултурно уредување на делови покрај улицата.
Ова е уште еден реализиран проект со кој се подобрува патната инфраструктура во општина Гази Баба. – напиша Стефковски.

To top