Скопје

Продолжува чистењето на улиците и тротарите во општина Кисела Вода

Во Кисела Вода доцна во ноќта се чистеше снег од улиците.

Продолжува чистењето на улиците и тротарите во општина Кисела Вода

Во Кисела Вода доцна во ноќта се чистеше снег од улиците.

„24/7 во служба на мојот народ!“- напиша на Фејсбук градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и објави фотографии од активностите на службите.

„Снегот не може да биде изненадување во зима, подготвени сме!

Почитувани, со оглед на најавите на УХМР за силен снежен бран кој се очекува да ја зафати територијата на Република Македонија, навреме се подготвуваме за да обезбедиме непречено движење.

Специјализираните возила за чистење снег во голем број ќе интервенираат буквално во секое населено место на територијата на Кисела Вода, во секое маало и уличка.

Покрај машините, на располагање е ставен и целиот човечки потенцијал за навремено делување и овозможување на целосно проодни улици, а дежурните екипи ќе бидат на располагање 24/7.

Обезбедена е и сол за сите градинки, основни училишта и местни заедници.

Мојот народ да биде спокоен, подготвени сме и движењето и извршувањето на секојдневните обврски ќе биде целосно овозможено и непречено“, објави вчера градоначалникот.

Службите со соодвента механизација се уште се на терен и се грижат сообраќајот во Општина Кисела Вода да се одвива непречено.

To top