Скопје без вода

Прекинато водоснабдување на повеќе локации во Скопје

Прекинато водоснабдување на повеќе локации во Скопје

Од ЈП Водовод и канализација соопштија дека поради улични дефекти водоснабдувањето ќе биде прекинато на неколку локации во Скопје.

Како што стои во соопштението, без вода остануваат објектите во близина на „Холидеј ин“, улиците Максут Садик бб, ул. 376 и ул.380, вклучително и објектот на Универзитетот „Мајка Тереза“, делови од улиците Борис Трајковски, ул. Иван Козаров, ул. Виктор Иго и ул. Невена Ѓоргиева Дуња, како и корисниците од ул. Дамаска, Прашка, и дел од ул. Букурешка.

Како што соопштуваат од ЈП Водовод и канализација водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.

To top