Скопје МРТ

„Поради неспособноста на Арсовска учениците не можат да стигнат до училиштата“

Покрај проблемите со хигиената, со ЈП Паркови и зеленило, сега сме сведоци дека градоначалничката Арсовска преку ЈСП продолжува да се изживува со сите скопјани, меѓу кои се и најмладите ученици, со тоа што не обезбедува соодветни услови за транспорт за да стигнат до своите училишта, изјави Ѓорѓиевски.

„Поради неспособноста на Арсовска учениците не можат да стигнат до училиштата“

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето на МТВ посочи дека состојбата во Град Скопје предводен од Данела Арсовска, како и во градските претпријатија е катастрофална, нагласувајќи дека тоа, за жал, преку Јавното сообраќајно претпријатие го чувствуваат сите патници, меѓу кои и учениците.

-Со постоечката законска регулатива во делот на јавниот транспорт не постои можност за одземање на таа надлежност. Сите градоначалници од скопските општини на заедничка прес -конференија упативме апел и загриженост за состојбата во ЈСП. Ние обезбедуваме финансии за превоз на ученици, а тој не е редовен, а некаде и воопшто го нема. Конкретно, во Усје за тоа пред неколку дена имаше протест од жителите. Покрај проблемите со хигиената, со ЈП Паркови и зеленило, сега сме сведоци дека градоначалничката Арсовска преку ЈСП продолжува да се изживува со сите скопјани, меѓу кои се и најмладите ученици, со тоа што не обезбедува соодветни услови за транспорт за да стигнат до своите училишта, изјави Ѓорѓиевски.

Тој потенцираше дека во рамки на ЗЕЛС, во координација со Владата и со ресорното министерство се подготвуваат законски измени кои би овозможиле одземање на ингеренции на одреден градоначалник, додавајќи дека се подготвува и законски механизам за предвремено отповикување на одреден градоначалник доколку не ја оправдува довербата дадена од граѓаните на локални избори.

To top