Скопје Од утро до попладне

Пола Скопје утре ќе остане без струја

Поради  технички зафати во електро дистрибутивната  мрежа, без електрична енергија ќе останат повеќе населени места.

Пола Скопје утре ќе остане без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје,  по добиеното известување од ЕВН – Скопје,   ги  известува граѓаните дека, на ден 14.12.2023 година (четврток); поради  технички зафати во електро дистрибутивната  мрежа, без електрична енергија ќе останат повеќе населени места.

Без струја ќе бидат:

-Од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. Мирослав Крлежа и делови од улиците: Никола Тримпаре, Дебарца, Коста Кирков, Борка Талевски и бул. Св. Климент Охридски.  (Општина Центар)

-Од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од улиците: Индира Ганди, Хаџи Јован Шишов и Тиквешка. (Општина Шуто Оризари)

-Од 08:30 до 11:30 часот, корисниците од улиците:Ташко Караџа и Бапчор. (Општина Гази Баба)

-Од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од с. Крушопек. (Општина Сарај)

-Од 10:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Драчевска.  (Општина Кисела Вода)

-Од 12:00 до 15:00 часот, корисниците од  ул. Фрањо Клуз  бр. 7.  (Општина Аеродром)

 

To top