Скопје

По 30 години реконструкција на “Солунска Глава”, “Тошевска”, “Шиндаровска” и крак од “Илија Ристевски”

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес изврши увид во градежните активности во селото Драчево. Таму, во напредна фаза е реконструкцијата на повеќе улици кои се видно оштетени и на ваков реконструктивен зафат чекале повеќе од 30 години. Се работи на улиците “Солунска Глава”, “Тошевска”, “Шиндаровска” и крак од “Илија Ристевски”, потег со површина од околу 5000 квадратни метри.

-Продолжуваме со обнова на патната инфраструктура во општина Кисела Вода, со која, како што ветив, ќе бидат опфатени сите населби и населни места и денес сме во селото Драчево. На оваа локација, на површина од околу 5000 квадратни метри вршиме реконструкција на неколку сообраќајници, за кои три децении жителите до локалната власт пријавувале потреба од санација, од реконструкција, но за жал тоа досега не се случило. Задоволен сум од динамиката на работа и можам да кажам дека за десетина дена ќе финализираме со реконструкцијата на улиците “Солунска Глава”, “Тошевска”, “Шиндаровска” и кракот од “Илија Ристевски”. Сите наши жители заслужуваат достоинствени услови за живот и ние продолжуваме интензивно да работиме и да го менуваме на подобро ликот на општина Кисела Вода-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

To top