Скопје Општина Илинден

Отпочна реконструкција на игралиштето за мал фудбал во Бунарџик

Општина Илинден започна со комплетна реконструкција на фудбалското игралиште за мал фудбал во населено место Бунарџик.

Отпочна реконструкција на игралиштето за мал фудбал во Бунарџик

На фудбалското игралиште целосно ќе биде обновен асфалтниот слој, ќе биде поставено лед осветлување, заштитна ограда, а ќе бидат поставени нови голови, клупи, корпи за отпадоци, просторот ќе биде партерно уреден, со што ќе се добие комплетно нов лик на овој спортски терен во Бунарџик.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски изврши увид во почетокот на работните активности на фудбалското игралиште, пришто истакна дека со реконструкцијата на игралиштето младите од ова населено место ќе добијат комплетно реконструиран и убаво уреден простор каде во спортски дух ќе го поминуваат слободното време.

Во наредниот период Општина Илинден ќе продолжи со изградба на нови и реконструкција на постоечките спортски терени и во останатите населени места, со цел да се добие уреден простор, но и безбеден за рекреација и забава на жителите во Општината.

To top