Во централното подрачје на општина Кисела Вода, во непосредна близина на Домот на култура „Билјана Беличанец“, се гради нова фонтана во паркчето „Срце“. Оваа фонтана претставува естетско збогатување на просторот, кој е едно од најфреквентните места во општината, и ќе придонесе за поубав и попријатен амбиент за сите граѓани.
-Со изградбата на фонтаната во паркчето „Срце“ уште еднаш покажуваме дека вложуваме во подигнување на квалитетот на живот во секој дел од нашата општина. Создаваме убави, функционални и атрактивни јавни простори кои ќе бидат места на собирање, дружење и уживање за сите генерации. Овој проект е дел од нашите напори за модернизација и разубавување на општината, а во периодот што следува, продолжуваме со поставување на нова урбана опрема, која ќе ја направи Кисела Вода поубаво место за живеење- истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.