Скопје Кучково

Министерот Тошковски заедно со СВР Скопје во превентивна активност за заштита на шумите од пожари

Тие укажаа на потребата од внимателно однесување додека патуваат со своите моторни возила или се движат во предели каде има шуми и сува трева, односно да не палат оган за правење на скара, да не фрлаат запаливи предмети и догорчиња од цигари со цел да не се предизвика пожар во шумите, соопштија од МВР.

Министерот Тошковски заедно со СВР Скопје во превентивна активност за заштита на шумите од пожари

Денеска (07.04.2024г.) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје на излетничко место во близина на село Кучково спроведоа превентивна активност која се состоеше од делење на летоци со едукативна содржина со цел подигнување на свеста кај граѓаните за заштита на шумите од пожари. Кон оваа активност се приклучи и Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, стои во соопштението на МВР.

МВР / Превентивна активност во село Кучково

За време на превентивната активност имаа можност да поразговараат со граѓаните кои го користеа убавото време за релаксација во природа и укажаа на потребата од внимателно однесување додека патуваат со своите моторни возила или се движат во предели каде има шуми и сува трева, односно да не палат оган за правење на скара, да не фрлаат запаливи предмети и догорчиња од цигари со цел да не се предизвика пожар во шумите, соопштија.

To top