Скопје

Костовски: Во општина Бутел се работи како никогаш до сега, за 2 години заштедени 8 милиони денари

Во нашата општина се работи можеби десетктрано повеќе од претходниот период, е токму домаќинското работење. Заштедувањето и домаќинскиот пристап кон нашите пари, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски.

Костовски: Во општина Бутел се работи како никогаш до сега, за 2 години заштедени 8 милиони денари

ДОМАЌИНСКО РАБОТЕЊЕ ЗА СВОЈОТ НАРОД

Во општина Бутел се работи како никогаш до сега. Секој ден нов проект. Значи можело!

Ваков тип на коментари добивам често од моите сограѓани.

Една од главните причини зошто е тоа така, поточно зошто во нашата општина се работи можеби десетктрано повеќе од претходниот период, е токму домаќинското работење. Заштедувањето и домаќинскиот пристап кон нашите пари.

Ќе илустрирам само еден пример, секако добро е да напоменам дека по сите основи на трошоци вој пример е скоро идентичен.

За зимско одржување на локални улици и патишта во општина Бутел како се трошеле парите порано, а како сега !?

ПЕРИОД КОГА НА ФУНКЦИЈА БЕШЕ ПРЕТХОДНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК:

– 2019 година, потрошени 5, 900, 000 денари.

– 2020 година, потрошени 8, 252, 000 денари.

ПЕРИОД ОД КАКО ЈАС ЈА АДМИНИСТРИРАМ ОПШТИНА БУТЕЛ:

– 2021 година, потрошени 3, 000, 000 денари

– 2022 година, потрошени 2 , 800, 000 денари

ЗА ДВЕ ГОДИНИ ЗАШТЕДЕНИ ЦЕЛИ 8, 000, 000 денари.

Додека пак оваа 2022/23 година нема да бидат потрошени над 1,600,000 денари.

Би сакал да додадам уште еден важен момент, услугата поточно ефикасноста со чистењето на снегот во периодот од како што сум јас градоначалник е подобрена за неколку пати ( мислење на граѓаните).

Продолжуваме со уште посилно темпо, вашата поддршка е мој носечки мотив!

To top