Скопје еднакви услови за сите граѓани

Ѓорѓиевски денес во новата сензорна соба во ООУ “Кирил Пејчиновиќ”

Трамболина, лејзи бег фотелја, сензорна лулашка, панелна плоча за вежбање на моторика, голем број на реквизити за стимулирање на различни сетила кај децата со попреченост, се само дел од содржините со кои е опремена новоотворената сензорна соба во ООУ “Кирил Пејчиновиќ”. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес разговараше со дефектологот кој работи во оваа сензорна соба со дваесетте ученици со попреченост кои посетуваат настава во ова училиште.

Ѓорѓиевски денес во новата сензорна соба во ООУ “Кирил Пејчиновиќ”

-Се наоѓаме во новоотворената сензорна соба во ООУ “Кирил Пејчиновиќ”, која претставува битен ресурс за унапредување на образовниот процес за децата со попреченост. Преку разнообразни сензорни стимули, оваа просторија има значајна улога во развојот на нивните когнитивни и социјални вештини, како и во подобрување на нивната самостојност и способност за вклучување во општеството. Како градоначалник на Општина Кисела Вода, сакам да истакнам дека за нас инвестирањето во креирање на еднакви услови за сите наши граѓани, вклучувајќи ги и лицата со попреченост, е од исклучителна важност. Спроведувањето на вакви проекти, што е потпис на целата наша досегашна и идна работа, не само што ги унапредува условите за живеење, туку ја намалува стигматизацијата и го поттикнува инклузивното општество кон кое се стремиме. Оттука, сакам да го поздравам чекорот на компанијата која го помогна реализирањето на овој проект, покажувајќи на тој начин општествена одговорност-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

To top