Скопје

ФОТО: Тотален хаос на улицата 50-та Дивизија

На улицата 50та Дивизија автомобилите не можат да се разминат, а жителите да се приморани да паркираат по тротоари.

ФОТО: Тотален хаос на улицата 50-та Дивизија

Негрижата и незнаењето на Горан Герасимовски постојано создава проблеми за центарци! Најнов пример е сообраќајната катастрофа како резултат на необележани улици, не поставување соодветна сигнализација и невоведување резидентно паркирање, велат од Општинскиот комитет Центар на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму истакнуваат дека сево ова прави на улицата 50та Дивизија автомобилите да не можат да се разминат, а жителите да се приморани да паркираат по тротоари!

фото: ВМРО-ДПМНЕ

-Но, оваа улица не е исклучок. Кадрите на СДСМ со години ја уништуваат општината, а центарци со соочуваат со супстандардни услови за живот. Хигиена на најниско ниво и урбана опрема која ја има само во ветувањата на власта. Редно е градоначалникот Герасимовски конечно да излезе од канцеларија, лично да им се извини и да им одговори на центарци, дали не сака или едноставно е неспособен да се справи со проблемите, се наведува во соопштението.

фото: ВМРО-ДПМНЕ
To top