Скопје увид изврши градоначалникот Муцунски

ФОТО: Реконструирана внатрешноста на детската градинка „Калинка“, ќе се гради нов објект за згрижување на дечиња во Аеродром

„Се обврзавме на одговорен однос кон средствата на граѓаните. Реконструкцијата е целосно направена од буџетот на општината и градинката и со инвестицијата се подигнува безбедноста и квалитетот за престојот на дечињата. Овие инвестиции ќе продолжат и во иднина, затоа што тие се потврда за грижата на Општина Аеродром за дечињата и младите во целост“, истакна градоначалникот Муцунски.

ФОТО: Реконструирана внатрешноста на детската градинка „Калинка“, ќе се гради нов објект за згрижување на дечиња во Аеродром

Инвестициите во објектите и инфраструктурата за социјална грижа на најмладите продолжува со реконструкција на уште една детска градинка во Општина Аеродром. Детската градинка „Калинка“ во населбата Стар Аеродром сега е опремена со нов и функционален мебел, нов ламинат, плочки и нови врати, а извршено е и молерисување на целиот објект.

Посета на градинката и увид во реализираните активности, вчера изврши и градоначалникот Тимчо Муцунски, кој истакна дека овој вид на инвестиции во инфраструктура и објекти за најмладите ќе продолжат и во иднина.

„Се обврзавме на одговорен однос кон средствата на граѓаните. Реконструкцијата е целосно направена од буџетот на општината и градинката и со инвестицијата се подигнува безбедноста и квалитетот за престојот на дечињата. Овие инвестиции ќе продолжат и во иднина, затоа што тие се потврда за грижата на Општина Аеродром за дечињата и младите во целост“, истакна градоначалникот Муцунски.

На почетокот на оваа година, Општина Аеродром објави оглас за спроведување постапка за јавна набавка за изведување на градежните работи на детската градинка „Изворче“, со што официјално почна процедурата за изградба на нов објект за згрижување на дечиња, проширување на капацитетите и решавање на еден од најголемите проблеми за родителите од овој дел на Аеродром.

Теми на денот

To top