Скопје Водоводен дефект

Дел од Центар утре ќе остане без вода

Без вода ќе бидат корисниците од ул. 11 Октомври лоцирани на потегот од бул. Кочо Рацин до Стара Рампа во општина Центар.

Дел од Центар утре ќе остане без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека на ден 02.12.2023 година (сабота) поради уличен водоводен дефект од ф – 200 мм на ул. 11 Октомври бб – кај Билна Аптека, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат делови од Скопје.

Имено, без вода ќе бидат корисниците од ул. 11 Октомври лоцирани на потегот од бул. Кочо Рацин до Стара Рампа во општина Центар.

To top