Скопје

Без вода утре делови од Сарај и високата зона во Ѓорче Петров, без струја делови од општина Бутел

Прекинато водоснабдување утре од 7:30 часот ќе имаат корисниците од населените места Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај во Општина Сарај, како и повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.

ЈП Водовод и канализација-Скопје соопшти дека прекинот на водоснабдувањето ќе биде поради дефект на затворач со пречник од Ф-350 мм на улицата „20“ во насела Сарај и ќе трае до негово санирање.

Од ЕВН Македонија АД, пак, известуваат дека утре од 8:30 до 9:30 часот без електрична енергија ќе останат објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на „Форд“ на самата крстосница на бул. „Македонско-косовска бригада“ со бул. „Босна и Херцеговина“ во Општина Бутел.

Најнови вести од Скопје

To top