Скопје

Без струја денеска повеќе улици во Центар, без вода неколку улици во Карпош

Без струја денеска повеќе улици во Центар, без вода неколку улици во Карпош

Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа без електрична енергија ќе останат повеќе корисници во Центар, додека без вода, дел од корисниците на општина Карпош.

Во период од 08:30 часот до 14:00 часот без струја ќе останат корисниците на ул. „Антоние Грубишиќ“, ул. „Коле Неделковски“, ул. „Наум Наумовски – Борче“ и ул. „Мирослав Крлежа“ во општина Центар.

Исто така дел од корисниците во општина Карпош ќе останат без снабдување со вода, соопшти ЈП „Водовод и канализација“.

-На ден 08.04.2024 (понеделник) поради изведба на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.„Џумајска“ 47, прекинато водоснабдување од 10,00 часот до завршување на интервенцијата ќе имаат корисниците од ул. „Џумајска“ во општина Карпош, стои во соопштението.

To top