Министерството за внатрешни работи (МВР) активно работи на утврдување на причините за трагедијата, додека во тек е испрашување на сведоци и одговорни лица. Надлежните служби работат на утврдување на причините за катастрофата.
-Сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани се на терен. Бројот на жртви и повредени се утврдува. Се преземаат дејствија и се врши увид. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, како и основните јавни обвинители на ОЈО Скопје и на ОЈОГОКК се на пат кон Кочани. На кочанското обвинителство ќе му бидат ставени на располагање сите капацитети на обвинителствата за итно постапување, велат од Обвинителство.
Во кочанската болница се пренесени 30 повредени лица, а околу 60 лица се препратени со возила во штипската болница.
На местото на настанот освен министерот Панче Тошковски, веќе пристигнаа и Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК и Александар Јанев, директорот на БЈБ. Најавено е и пристигнувањето на премиерот Христијан Мицкоски.