СДС денеска се надмина себеси. КУРИР провери во собраниските служби и нивната фамозна „Резолуција“ се’ уште не е ни доставена до Собранието, иако минаа недели од нејзиното обелоденување на Бихаќка од страна на Филипче. Исто како и уште пофамозните Црвени линии на Венко, кои никогаш не дојдоа до Законодавниот дом и се изгубија во фиоките на Бихаќка. Можеби од срам од изборните резултати, но по соц-мрежите дури и се шегуваа дека по навика, во темницата не виделе дека се црвени (мислеле дека се бели), па некој ги исшмркал линиите на Филипче. И толку од нив. Барем, послужиле за нешто…
Последната, во најмала рака крајно фантазмагорична лага, небаре направена при дејство на психотропни супстанци, говори за некакво „бегство“ на премиерот Мицкоски, кој замислете – дури до Брисел избегал од нивната страшна Резолуција во Собранието?!?!
Проблемот е што пустата таа РЕЗОЛУЦИЈА за која ламентираат, се’ уште е на Бихаќка, ни потврдија од Законодавниот дом. Во кооперација, каде последно време ги склопуваат забеганите приакски, би им рекле ТОНЧ.
Еве, што во инфантилен творечки немир последно срочија промуќурните пи-арџии на СДС завалени во фотелјите пред компјутерите во седиштето, се надеваме без претходна употреба на „линии“, кои не се дел од Ексел програмата.
„Денес, кога Собранието треба да одлучува и кога опозицијата требаше да му поставува прашања на премиерот Христијан Мицкоски, тој наеднаш избега во Брисел.
Ја остави Резолуцијата на СДСМ непотпишана, а контра Резолуцијата остави да ја туркаат неговите послушници од ДПМНЕ и ЗНАМ.
Оние што верно го следат предавството на својот претседател и оние што ЗНААТ дека ја предале Македонија за пари.
Толку за „храбриот“ Христијан Мицкоски.
Не смее да одговара на прашањата на опозицијата, затоа што вистината не може да ја погледне во очи!
Правдата ќе победи!“
Да не беше тажно, ќе беше смешно, но секој нормален граѓанин ќе се сложи дека ова е, во најмала рака, трагикомично однесување на СДС, кои деновиве наликуваат на бизарна епизода на Монти Пајтон, пародија на дејствување на една сериозна, некогаш и демек „државотворна“ партија.
Прво, „резолуцијата“ никогаш и не ја доставиле до Собрание за да некој ја потпише и види (имагинарна е како и непостоечнките им мигранти), иако и кога би била доставена таа е толку небулозна, комична и патетична, што своето патешествие најверојатно би го завршила како тоалетна хартија, во најдобра рака.
Второ, ниту еден премиер, најмалку Мицкоски, има каква и да е обврска да биде во Собрание заради извољевање на која било опозиција и за која и да е Резолуција испратена од 15-на минорни пратеници, особено кога таа се однесува на лажни вести за имагинарни мигранти од британски таблоиди со кои опозицијата во Обединетото кралство се поткусурува со Владата во Лондон, а на која „како слеп за стап“ се налепи кој друг ако не дилетантската СДС. Таму премиерот е присутен во работна посета како претставник на земја кандидат, заедно со сите шефови на држави членки на ЕУ. А, евроинтеграциите се заглавени поради вашиот флерт со Бугарија и „оберучкото“ ви потпишување (потпушување, една буква менува многу, но контекстот е ист) на индолентиот Француски предлог. Ако не се сеќавате, прашајте го првиот пик на Заев – Таче, оној познат по фотоволтаиците на жената му на земјиште за га-га пари и со Лотарија на Артан. Вториот пик на Заевиот драфт сега ви е претседател…
Трето, ако некој ја „продал Македонија за пари“, сите знаеме кој е тој „некој“. Сега е во Дубаи и шефува со СДС преку својот експонент и соучесник Венко.
Четврто, не ли ви е срам да ја нарекувате МАКЕДОНИЈА, бидете фер и ословувајте ја со бизарната додавка која и ја наметнавте, продавајќи ја. Кога бевте на власт, не го вадевте тоа на „С“ од уста, бевте како расипани плочи и СССССС-кавте странци за да ве задржат на позиција за да не одите во апсаана за арамилакот и злото што и го нанесовте на Македонија и Македонците.
Петто, вие најмалку може да посакате како што велите „ПРАВДАТА ДА ПОБЕДИ“.
Во тој случај, пола раководство ќе ви заврши во ќорка.
Сцена, соодветна на случувањата на Бихаќка…