Република Црвени линии

Здравковски: Самопрогласени политички моќници сакаат да направат меѓуетнички тензии на грбот на учениците- ЌЕ ИМА ОДГОВОРНОСТ!

Единствена и последна понуда е изградба на училиште во с.Бањица општина Чашка во која ќе има образование на албански наставен јазик и НЕМА ОТСТАПКИ!,

Здравковски: Самопрогласени политички моќници сакаат да направат меѓуетнички тензии на грбот на учениците- ЌЕ ИМА ОДГОВОРНОСТ!

Имаме црвени линии и јасно и гласно ги кажуваме неколку години наназад! Единствена и последна понуда е изградба на училиште во с.Бањица општина Чашка во која ќе има образование на албански наставен јазик и НЕМА ОТСТАПКИ!, вели Игор Здравковски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Се останато го сметаме за провокација од оние замислени и самопрогласени политички моќници кои очигледно сакаат да направат меѓуетнички тензии на грбот на учениците.
Досега се прекршени законите по многу основи и ЌЕ ИМА ОДГОВОРНОСТ!
Јас како пратеник и претставник на граѓаните сум спремен да разговарам со секој еден од МОН и останатите институции кои се дел од образовниот систем, НО НИКОГАШ нема да отстапам од црвените линии кои се испишани од Македонците во општина Чашка.
За наредниот буџет за 2024 ќе поднесам и амандман да се одобрат средства за изградба на училиште во с.Бањица со цел да го решиме овој долгогодишен проблем на учениците од тоа село, па ќе видиме дали од Влада на Република Северна Македонија се спремни да го решат овој проблем или и понатаму ќе го игнорираат и ќе продуцираат нови измислени проблеми…
Чашка е срцето на Македонија и ќе остане засекогаш така!, додава Здравковски.

Најнови вести од Република

To top