Република Мал фудбал и ракомет

Реконструирани спортските терени во велешката населба Тунел

-Вложувањето во реконструкција и изградбата на нови  спортски терени во градот и населените места во општината, е еден од приоритетите на локалната власт, потенцираат од Општина Велес.

Реконструирани спортските терени во велешката населба Тунел

Целосно се реконструирани спортските терени  во населбата Тунел во Велес. Поголемиот спортски терен  е наменет  за мал фудбал и ракомет, вториот помал е за кошарка, а реконструирани се и трибините за публиката. Детското забавно катче со реквизити, кое се наоѓа  веднаш до спортските терени, наскоро треба да биде опремено  со нови реквизити, а напролет овој простор  ќе биде збогатен и со нови зелени оази и нова урбана опрема, информираат од Општина Велес.

-Вложувањето во реконструкција и изградбата на нови  спортски терени во градот и населените места во општината, е еден од приоритетите на локалната власт, потенцираат од Општина Велес.

Средствата се обезбедени од Бирото за регионален развој и кофинансирање на Општина Велес. (МИА)

Најнови вести од Република

To top