Република поради делегација од Саудиска Арабија

Посебен сообраќаен режим утре во Тетово

Посебен сообраќаен режим утре во Тетово

СВР Тетово информира дека утре (11 јануари) во Тетово ќе се воведе посебен сообраќаен режим по повод доаѓањето и престојот во градот на висока делегација од Собранието на Кралството Саудиска Арабија предводена од Абдулах Бин Мухамед Ал Шеикх. Посебниот режим ќе почне од од 5 часот и 30 минути и ќе се применува до 12 часот.

-Во овој период се апелира до граѓаните без поголема и неодложна потреба да не се движат со нивните возила во овој дел од градот или да ги паркираат на споменатите улици, да имаат трпение и целосно да се придржуваат на наредбите и насоките од полициските службеници на СВР Тетово. Со тоа, граѓаните најнепосредно ќе придонесат да не се наруши непреченото и безбедно движење на гостите од Саудиска Арабија, и воопшто нормалното одвивање на сообраќајот во Тетово, истакна Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Изменетиот режим ќе се однесува и применува на улицата „Маршал Тито“ од влезот – излез на Тетово до градскиот плоштад и обратно, потоа на потегот од градскиот плоштад до крстосницата со улицата „Браќа Миладинови“ и обратно и на улицата „Браќа Миладинови“ на потегот од крстосницата со улицата „Илинденска“ до крстосницата со улицата „Ѓорче Петров“.

Најнови вести од Република

To top