Република

Ѓорѓиевски и Ристовски на увид во базенот во Кисела Вода

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и министерот Борко Ристовски заедно со економскиот оператор кој ги изведува градежните активности за продолжување на изградбата на базенот во ООУ „Невена Георгиева Дуња“ денес извршија увид на терен. Овој базен чија изградба беше во неколкугодишен застој, ќе биде завршен кон крајот на мај.

Ѓорѓиевски и Ристовски на увид во базенот во Кисела Вода

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и министерот Борко Ристовски заедно со економскиот оператор кој ги изведува градежните активности за продолжување на изградбата на базенот во ООУ „Невена Георгиева Дуња“ денес извршија увид на терен. Овој базен чија изградба беше во неколкугодишен застој, ќе биде завршен кон крајот на мај.

-Со големо задоволство денес сме заедно со министерот Борко Ристовски, да извршиме увид во возобновените активности за изградба на базен во ООУ „Невена Георгиева Дуња“. Овој објект е добар симбол на она што претставуваше релација локална-централна власт во минатото, наспроти она што е сега. Од моментот кога станав градоначалник на Општина Кисела Вода постојано упатував прашања до тогашниот директор на Агенцијата за млади и спорт, во повеќе наврати барав да видиме до каде е процесот и зошто е настанат застојот, кога ќе продолжат активностите, но немаше никакво придвижување напред. На мое задоволство, со актуелниот министер Ристовски, низ низа проекти, а и со денешниот, покажавме дека со ефикасна соработка и јасна визија можеме да го забрзаме развојот на спортската инфраструктура во нашата општина. Овој базен, чија изградба ќе биде завршена кон крајот на мај, ќе биде модерен објект, изграден по сите стандарди и ќе им служи на пред се’, на учениците, спортистите, но и на сите граѓани. Пливањето, како еден од најкомплексните спортови, има огромно значење за здравјето и развојот на младите генерации. Со оваа инвестиција, овозможуваме не само услови за развој на спортски таленти, туку и простор за рекреација и здрав живот за сите жители на општината.

Општина Кисела Вода

Во изминативе три години, ние како Општина Кисела Вода направивме значителни вложувања во спортската инфраструктура – обновивме и изградивме девет спортско-рекреативни центри. Со оваа динамика и посветеност, ќе продолжиме да ги создаваме потребните услови за подобар живот и развој во Кисела Вода. Искрено се заблагодарувам на министерот Борко Ристовски и Министерството за спорт, за неговиот активен ангажман, посветеност и поддршка за изградбата на базенот, но и за темелната реконструкција на салата “Расадник”, која е во тек. Ова е уште еден доказ дека кога институциите работат заедно, резултатите се видливи и значајни за граѓаните-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

-Драго ми е и многу сум горд што конечно најдовме решение за нешто што беше запоставено четири години. Најдовме заеднички јазик со операторите и отпочнуваме со работа и порано од она што го планиравме. Сите пет базени кои беа отпочнати од претходната власт и оставени, ќе бидат завршени до крајот на летото, изјави министерот Борко Ристовски.

Изјава за медиумите даде и претставникот од економскиот оператор Висар Палоши, градежен инженер во компанијата “Вивинт”, кој се заблагодари на добрата соработка со министерот и градоначалникот и ги соопшти техничките карктеристики на базенот.

Општина Кисела Вода

-Базенот е од затворен тип со должина 25 метри и ширина 9 метри и длабочина 1.2 метри односно 0.8 метри -останатиот дел. Овој тип на базени се нарекува полуолимписки базен, наменет е и се користи за едукација, обука и пливање, истиот е со ‘FINA’ стандарди, изјави Палоши.

To top