Регион

ВИДЕО: Масовни протести во Тирана, опозицијата бара техничка Влада

Националниот протест што вечерва се одржува во Тирана, во организација на опозициските демократи, под мотото “Марширање кон Тирана – или сега или никогаш” главно минува во марширање, без обраќања, но не и без тензични моменти.

ВИДЕО: Масовни протести во Тирана, опозицијата бара техничка Влада

Националниот протест што вечерва се одржува во Тирана, во организација на опозициските демократи, под мотото “Марширање кон Тирана – или сега или никогаш” главно минува во марширање, без обраќања, но не и без тензични моменти.

Учесниците во протестот кога стигнаа пред владата почнаа да фрлаат кон објектот со тврди предмети и молотови коктели од кое се запали дрво. Имаше и судир меѓу нив и полицијата, поради што мораше да интервенира и единицата за брзо распоредување “Шќипоња”, по што ситуацијата се смири.

Протестот го предводеа генералниот секретар на партијата Фљамур Нока, координаторот на пратеничката група Газменд Барди и пратеници а им се придружи и лидерот на Партијата на слободата и поранешен претседател на земјата Илир Мета.

Од пред владата минаа пред зградата на Парламентот, зградата на општина Тирана, покрај Врховниот суд па се до седиштето на Социјалистичката партија.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Токму тука беше најтензично, дојде до судир со полицијата при обид да влезат, беа одбиени по што почнаа да фрлаат пиротехнички средства и молотови коктели, изби пожар, што го зафати и големиот билборд со ликот на Еди Рама, интервенираше противпожарна единица а полицијата толпата ја разби со солзавец.

За безбедноста се ангажирани најмалку 1500 полициски службеници од неколку сектори, а на готовност беше и специјалната единица “Ренеа”. Владата, парламентот, општина Тирана, МВР, други институции и седиштето на владејачката Социјалистичка партија беа под силно полициско обезбедување.

Освен што носеа транспаренти, учесниците на протестот извикуваа “Рама оди си”, “техничка влада, техничка влада” “Сали Бериша”.

Попатно тие запалија и автобуска постројка а создадоа и хаос во сообраќајот, не дозволувајќи да се движат возилата.

Во изјава за медиумите Мета рече дека целта на вечерашниот протест е “уривање на режимот на нарко-државата и враќање на правдата”.

– Луѓето се повеќе од револтирани и нивната реакција е јасна и ќе продолжи и понатаму се до постигнување на целта, рече Мета.

Со вечерашниот протест опозицијата го означи почетокот на граѓанската непослушност.

Лидерот на демократите Сали Бериша, кој е во домашен притвор, преку социјалните мрежи, пред протестот, уште еднаш повика на масовност.

– Денеска е историски ден за сите. Денеска почнува нашето патување до победа. Сите заедно против нарко-владата, порача Бериша.

Протестот кој требаше да почне во 18 часот почна со задоцнување од половина час, а од пред 20 часот се одвива мирно само со марширање низ градот и извикување “Рама оди си”

Според организаторот на “протестот имало над 120 илјади народ од сите делови на земјата”.

To top