Експлозивен механизам бил поставен во текот на ноќта во центарот на Атина во близина на Министерството за труд на Грција, а од експлозијата е предизвикана мала материјална штета, јави дописничката на МИА од Атина.
На експлозијата и претходел анонимен телефонски повик во весникот „Ефимерида тон сидактон“ со предупредување дека е поставен експлозивниот механизам, кој ќе експлодира за 40 минути.
#Attica #Greece🇬🇷- Reports of material damage after explosion of bomb outside the Ministry of Labour and Social Security office building on Stadiou Street in #Athens pic.twitter.com/UuYFEcKeFg
— CyclistAnons🚲 (@CyclistAnons) February 3, 2024
Од грчката полиција соопштија дека веднаш откако биле информирани од весникот, го затвориле просторот, а експлозијата се случила во 1.29 часот.
Неофицијално, експлозивниот механизам бил поставен во ранец оставен на тротоар во строгиот центар на Атина наспроти влезот на Министерството и во близина на банка.