Регион вистински хаос

ВИДЕО: Драма во албанското собрание, фрлени неколку бомби

Лидерот на демократите Сали Бериша изјави дека не може да влијае на пратениците.

ВИДЕО: Драма во албанското собрание, фрлени неколку бомби

Во четвртокот во албанскиот парламент имаше инцидент кога пратеник на Демократската партија активираше неколку димни бомби. Салата се наполни со чад, а претседавачот Линдита Никола го истера од салата пратеникот кој ги активираше бомбите и побара интервенција на обезбедувањето за да се воспостави ред. Непосредно пред активирањето на димните бомби, дел од пратениците на опозицијата со столчиња направија барикада пред говорницата.

Лидерот на демократите Сали Бериша изјави дека не може да влијае на пратениците.

– Опозицијата е решена да не дозволи нормален парламентарен живот додека не се исполнат нашите барања: формирање истражни комисии, вклучување во комисијата за изборни реформи и откажување на мнозинството од мешање во внатрешните работи на опозицијата – рече поранешниот премиер на Албанија.

To top