Регион Директива бр.25

Србија ја купи директивата со која Хитлер издал наредба за напад врз Кралството Југославија

Овој документ содржи и експлицитна наредба за спроведување на брутални воздушни напади и деноноќно бомбардирање на Белград

Србија ја купи директивата со која Хитлер издал наредба за напад врз Кралството Југославија

Владата на Србија денеска соопшти дека земјата ја купила директивата „бр. 25“, со која германскиот канцелар Адолф Хитлер на 27 март 1941 година издал наредба за напад врз Кралството Југославија и Кралството Грција.

Во соопштението се наведува дека документот, чија содржина го означи почетокот на Втората светска војна на целата територија на Кралството Југославија, по својата важност е споредлив со телеграмата со која Австро-унгарската империја му објави војна на Кралството Србија на 28 јули 1914 година.

– Овој документ содржи и експлицитна наредба за спроведување на брутални воздушни напади и деноноќно бомбардирање на Белград, подготвеност да им предадат делови од својата територија на Бугарија и Унгарија по окупацијата на Југославија, како и тоа дека со политички ветувања на Хрватите ќе се заостри внатрешно-политичката тензија во Југославија, се наведува во соопштението.

Се додава дека содржината на таа директива резултирала, меѓу другото, и со создавање на сите неопходни предуслови за формирање на независна држава Хрватска, односно за иницирање геноцид врз припадниците на српскиот народ на целата нејзина територија.  (МИА)

To top