Регион Несреќен крај на потрагата

„Со какви монструми си имаме работа“: Александар Вучиќ ја соопшти ужасната вест во Србија (ВИДЕО)

Данка Илиќ (2) беше пријавена за исчезната во вторникот на 28 март околу 13 часот и 45 минути во околината на Бор и оттогаш и се изгуби секоја трага.

„Со какви монструми си имаме работа“: Александар Вучиќ ја соопшти ужасната вест во Србија (ВИДЕО)

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на денешната вонредна прес-конференција на Владата на Србија ја изнесе шокантната вест дека е убиено девојчето Данка Илиќ.

„Имам лоша вест за ова дете, за нашата Данка од Бор. Полицијата уапси две лица кои ја убиле малата Данка и колку што разбрав и двајцата ја признаа вината. Со какви монструми си имаме работа. Благодарам на полицијата за се“, рече Вучиќ на вонредната седница на Владата на Србија.

Да потсетиме, малата Данка Илиќ (2) беше пријавена за исчезната во вторникот на 28 март околу 13 часот и 45 минути во околината на Бор и оттогаш и се изгуби секоја трага.

To top